(ВИДЕО) Спасовски: Маалски полицаец ќе биде нашиот пријател-заштитник во секое време

0
1052

Тука сум да ве уверам дека вашите мали деца безбедно ќе играат надвор. Вашите деца тинејџери безбедно ќе се враќаат дома. Насилствата, кражбите по домовите, уличниот криминал, нарушувањата на јавниот ред и мир, други девијантни појави, ќе дејствуваме да ги спречиме пред можноста да се случат, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски на среба со граѓаните од Карпош.

„Еден од начините како тоа ќе го направиме е преку маалскиот полицаец по улиците на местата во коишто живееме. Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време. Да може секој од нас да му се обрати за каков било проблем. Никој да не се чувствува дека е сам, зашто нема да биде сам.

На ова конкретно се обврзуваме во Програмата на СДСМ. Полицајците позорникари ќе се грижат за проблемите и потребите на граѓаните.

Нашата цел е тие да ја зацврстат довербата помеѓу граѓаните и полицијата, бидејки тоа може многу да помогне за заштита на секој од нас.

Ако граѓаните се чувствуваат безбедно, тие ќе се движат слободно, ќе бидат мотивирани да бидат активни во средините во кои живеат. Така ќе придонесуваат и за развојот на општеството. Затоа, ќе создадеме Полиција за граѓаните, којашто ќе биде организирана исклучиво според потребите на граѓаните“, рече Спасовски.