ТРИ ГЕРМАНСКИ ПАРТИИ СЕ ПРЕД ДОГОВОР ЗА НОВА СОЈУЗНА ВЛАДА: ЌЕ СЕ ПОДДРЖАТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ А НА КОСОВО ЌЕ МУ СЕ ДАДЕ ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

0
1045

Коалицискиот договор на трите германски партии за нова сојузна влада предвидува јасна поддршка на европската интеграција на шесте земји од Западен Балкан.

Ќе се поддржи отворањето на првите преговарачки поглавја со Албанија и Северна Македонија, давањето визна либерализација за Косово и продолжувањето на преговорите со Црна Гора и Србија.

“Ја поддржуваме европската интеграција на шесте земји од Западен Балкан и во таа смисла, неопходните реформи за исполнување на сите критериуми од Копенхаген” – се вели во документот.
Ќе се зајакне и граѓанското општество. Поддржан е и дијалогот Белград – Приштина што се води под покровителство на ЕУ и напорите за одржување на долготрајниот мир во БиХ.

Паралелно со пристапните преговори, мора да се подобри капацитетот на ЕУ за прием на нови членки.

Социјалдемократите, либералите и зелените денеска го презентираат својот коалициски договор. Нов канцелар на Германија ќе биде лидерот на социјалдемократите, Олаф Шолц.