THREADS ОТИДЕ ПО ЃАВОЛИТЕ, КАКО ШТО ДОЈДЕ ТАКА И ОТИДЕ, ИЗГУБИ ПОЛОВИНА ОД ДНЕВНИТЕ АКТИВНИ КОРИСНИЦИ

0
420

Threads веќе почна да се соочува со губење на дневни активни корисници, откако првичната еуфорија помина.

Апликацијата Threads, која е одговор на Instagram на Twitter, има огромен успех од нејзиното лансирање. Седум дена по лансирањето, таа доби повеќе од 100 милиони корисници, што ја прави најбрзо растечката апликација досега.

Сепак, како што обично се случува, на се му доаѓа крајот, па возбудата за новата апликација веќе згасна. Според новите извештаи од SimilarWeb, бројот на дневни активни корисници на Threads е преполовен во споредба со првата недела од лансирањето.

Така, Threads забележа пад од 49 милиони дневни активни корисници на 23,6 милиони за само една недела.

Додека многумина веруваат дека Threads би можела да биде првата апликација „убиец на Твитер“ што всушност и ќе го направи тоа, ќе мора да се случат значителни промени.

Со исклучок на првата недела од лансирањето, Threads сега е околу една петтина од големината на Twitter, и слично кога се гледаат статистиките за бројот на дневни активни корисници. Твитер моментално има околу 110 милиони активни корисници дневно.

Иако ја носи титулата најбрзо растечка апликација од нејзиното лансирање, услугата сега има тешка работа да го задржи својот раст со текот на времето додека се натпреварува со жестоката конкуренција на пазарот.