ЕЛОН МАСК ЈА ОПЛЕСКА, ГО УПРОПАСТИ И УНАКАЗИ ТВИТЕР, НАМЕСТО СИНАТА ПТИЦА ГО РЕБРЕНДИРА ЛОГОТО ВО ,,Х”

0
427

Илон Маск веќе неколку пати најави дека ќе биде заменето препознатливото лого на сината птица, што сега и се случи.

Сината птица, која е заштитен знак на Твитер од 2006 година, заминува во историјата, а голем број корисници веќе виделе знак Х кога ќе влезат во мрежата.

Новиот дизајн на логото за Твитер, бела буквата Х на црна позадина, беше претставен од страна на извршниот директор на компанијата откако сопственикот на компанијата Илон Маск изјави дека сака да се ослободи од логото на сината птица.

Домеинот е сè уште twitter.com, но и тој наскоро треба да се смени во x.com.

„Твитер го промени начинот на кој комуницираме“. Сега X ќе оди понатаму и ќе го трансформира глобалниот градски плоштад“, напиша новата извршна директорка на Твитер, Линда Јакарино.

Промената доаѓа откако Маск призна дека приходите од реклами се преполовиле во споредба со периодот пред да го купи Твитер. Поради влошената финансиска состојба, милијардерот решил да ја ребрендира компанијата.

Маск има планови на крајот да создаде „супер апликација“ наречена „Х“. Тој го купи Твитер во ноември минатата година, а веќе во април го промени името на компанијата во „X Corp“.

Оттогаш, тој редовно спомнува проект за претворање на социјалната мрежа во мрежа со повеќе услуги и финансиски услуги, како WeChat во Кина.