СУДОТ ВО СТРУМИЦА ОДРЕДИ НИСКА КАЗНА ОД САМО 15 МЕСЕЦИ ЗА ВОЗАЧОТ КОЈ ШТО ЈА ПРЕГАЗИ ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА: ОВА Е СОЛ НА РАНАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ШТО ВЕЌЕ ДОНИРАШЕ НЕЈЗИНИ ОРГАНИ ЗА ДА СПАСИ ТРИ ЖИВОТИ

0
1083

Основниот суд во Струмица го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци за прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Сообраќајната несреќа се случи на 7-ми април, годинава на булеварот Ленинова во Струмица во 19:40 часот. Момчето возело автомобил марка нисан и удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна сам се пријавил во полициска станица.

Обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи кои спасија три животи.