МНР ОФИЦИЈАЛНО ГИ ОСУДИ ТЕРИТОРИЈАЛНИТЕ ПРЕТЕНЗИИ НА ПАРТИЈАТА НА КАРАКАЧАНОВ ВО СПОТОТ ЗА ОХРИД И ОДБРАНАТА НА БУГАРШТИНАТА

0
827

МНР ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија со кои се изразуваат територијални претензии во време кога од страна на официјална Софија се бараат гаранции на меѓународно ниво дека Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.

“Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите настапи на една партија од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија” – се вели во реакцијата на МНР.