ИВАН СТОЈИЉКОВИЌ ПРЕДЛАГА ПОЛИТИЧКА ТАКТИКА ПРОТИВ СДСМ: ПРОМЕНАТА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ТРЕБА ДА БИДЕ УСЛОВ ЗА ВЛАДА, ВО СПРОТИВНО НОВО МНОЗИНСТВО ИЛИ БРЗИ ИЗБОРИ

0
1364

Пратеникот Иван Стојиљковиќ во емисијата “Заспиј ако можеш” се пофали дека имал многу добри конекции со администрацијата на претседателот Вучиќ и се обидел на таков начин да и’ помогне на Македонија уште од почетокот на корона кризата во врска со снабдување со маски, опрема и респиратори преку Србија. Но притоа рече дека бил разочаран затоа што никој од власта на СДСМ не испратил писмо по неговата информација и до Заев и до Мицкоски.

Смета дека националното достоинство е сериозно загрозено поради тоа што СДСМ не донела вакцини навреме а притоа ја одбила понудата на граничниот премин Табановце за да се вакцинира целиот наш медицински персонал.

Потоа рече дека геополитички очекува Србија да стане уште појака особено бидејќи дел од вакцините ќе се произведуваат таму бидејќи српската власт има сериозен пристап. Србија и подобро се снашла играјќи прагматично и кон Западот но и кон Русија и Кина. Ја искритикува СДСМ дека избркала странски инвестиции и истите тие отишле во Србија. Затоа и на Вучиќ му одговара неспособниот Заев да биде на власт во Македонија и од тоа Србија да ќари многу.

За изборниот законик конкретно рече дека требало да се постави услов од клучните пратеници во Собранието со цел да се реализира планот за една изборна единица. Според пратеникот, постои можност да се услови СДСМ за тоа со најмалку два пратеници. Во спротивно, шесте предлагачи на промената на изборниот законик треба да се приклучи кон ново парламентарно мнозинство или пак да се оди на избори. На таков начин ќе испитал колку СДСМ е искрена и сериозна за таква реформа или пак и натаму сака да блефира.