НЕРВОЗИ ВО КАМПОТ НА КВАЗИПАТРИОТИТЕ, НИКОВСКИ: СЕ’ ШТО ВЛАСТА ПРАВЕШЕ ВО ВРСКА СО ПАНДЕМИЈАТА Е ПОГРЕШНО

0
1427

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски во гостување на емисијата “Што не е јасно?” повторно ја нападна власта за тоа како се справува со корона кризата. Смета дека се’ што власта направи за да ја стави короната под контрола, беше погрешно особено откако по затворањето на Дебар бидејќи се вклучила политиката. Пописот во ек на пандемија го окарактеризира како диктат однадвор и дека би било хаос ако тоа се дозволеше да се реализира во април.

Остро ја нападна власта дека не се снашла за преземање мерки и снабдување на Македонија со вакцини, наспроти Србија која е во напредна фаза на вакцинирање на своето население. Ги обвини Заев и Филипче дека на прво место ги ставиле провизиите за вакцините а не здравјето на населението. За ЕУ исто така рече дека не знаела што треба да направи, но тоа не е алиби за власта на СДСМ.

Никовски рече дека за вакви лоши потези, требале повеќе владини функционери да си дадат оставки а не да избегнуваат одговорност.

За евроинтеграциите на Македонија е убеден дека нема да влеземе во тој сојуз најмалку уште 20 години базирајќи се на изјавата на Макрон дека проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан ќе одземе барем уште 10 години.