ФИЛИПЧЕ: СО ОДГОВОРНОСТ НА СИТЕ ДА ГО НАДМИНЕМЕ ОВОЈ ТРЕТ БРАН НА КОРОНАВИРУСОТ

0
1138

“Од денеска почнуваат нови рестриктивни мерки кои ќе важат следните две недели. Целта е да се заштити здравјето на граѓаните и здравствениот систем. Во изминатиот период имаше огромен наплив на пациенти во болниците. Интервениравме со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација и успеавме добро да го одржиме здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет. Сега сме во период кога е навистина оптоварен здравствениот систем, а пред нас се празници.” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

“Имајќи го предвид искуството од минатата година кога рамазанските пости и Велигден се во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација, сметаме дека доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, тоа ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира. Тоа е причината за воведувањето дополнителни рестриктивни мерки со цел овој трет и досега најсилен бран на Ковид-19 на некој начин забрзано да го завршиме. Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат до сите овие мерки. Мора да сме свесни дека со сопственото однесување, одговорност, носењето маска и одржувањето дистанца придонесуваме за што пократко време да заврши и овој бран” – рече Филипче.