СРАМНА МАНИПУЛАЦИЈА НА ЧАШУЛЕ: БУГАРИТЕ ГЛАСАА ПРОТИВ БОРИСОВ, ЗАХАРИЕВА И КАРАКАЧАНОВ, А СЕГА НИЕ ДА ГО ТРГНЕМЕ ЗАЕВ ДОДЕКА НЕ РАСПРОДАЛ СЕ’ НАШЕ МАКЕДОНСКО

0
895

Во својата емисија “Седмица”, квазиновинарот и медиумски пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ искажа серија обвинувања против власта на СДСМ, премиерот Заев, министрите Спасовски и Филипче и градоначалникот на Скопје, Шилегов.

Прво се осврна на исходот од парламентарните избори во Бугарија каде што партијата на Каракачанов, ВМРО-БНД не го помина изборниот праг и нема да биде дел од новиот Парламент поради неговата антимакедонска кампања. Исто така нагласи дека ГЕРБ е сериозно ослабена поради шокантните антимакедонски ставови на Захариева и бугарските европратеници. Според него, за брзо време нема да се формира стабилна бугарска Влада и поради тоа нема да дојде до надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. На таков начин, народот треба да купи доволно време за да го тргне Заев од власт со цел да не успее наводно да продаде се’ македонско, јазик, историја и идентитет.

Потоа наведе сериозни обвинувања против власта на СДСМ за акцијата Двојник и издавањето лажни пасоши на странски наркобосови и други лица со криминални досиеја. За сево ова, рече дека отворено се согласува со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека на таков начин сите индиции укажуваат на вмешаност на високи политички лица од СДСМ, во прв ред премиерот Заев и министерот за внатрешни работи, Спасовски. Според него, не било можно да се виновни само неколку службеници од пасошкиот оддел без да знаат и повисоките раководни структури. Искажа сомнежи за тоа дали веќе имало претходни истраги за лажните пасоши и на каков начин се издавале, како било можно да се ставаат вистински слики на лажни идентитет за криминалците да добијат македонски пасош, дали странските служби и агенции биле алармирани за ова итн. На таков начин, Чашуле искажа и загриженост дека поради овој скандал, е сериозно загрозен и безвизниот режим на Македонија со ЕУ.

На крај го обвини и градоначалникот на Скопје, дека во ек на пандемија место да намени пари за справување со корона кризата, тој единствено сакал да ги тргне галиите од Вардар и потоа, Букефал од плоштадот. Според Чашуле, градоначалникот не направил ништо од најавените проекти на неколку месеци пред истекот на мандатот, па сега му преостанало само да руши таму каде што може. Притоа изнесе тврдење дека токму спомениците на Скендербег и Александар Македонски биле коалициски договор на СДСМ и ДУИ уште пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.