СПИН НА ПАНДОВ: ДЕА ТРГНАЛА ДА АПСИ НАРКОДИЛЕРИ САМО СО ПОМОШ НА ТИГРИТЕ А МВР И СПАСОВСКИ ВООПШТО НЕ БИЛЕ ИНФОРМИРАНИ

0
861

Во дебатата на емисијата “Само вистина” гостуваше претседателот на т.н. Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов. Истакна дека не го познава Јанша лично, но бидејќи тој му е политички сојузник на ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека истовремено ѝ е пријател и на Македонија. Смета дека муабетот за словенечкиот нон-пејпер бил само резултат на написи од портали налик на тој од новинарот Саше Мактел. Инсистираше дека во ниту еден случај не смееме да се согласиме на било какви промени на границите и на штета на Македонија.
Сметаше дека паролата “Нема правда, нема мир” била само празна флоскула за денот на формирањето на Шарената револуција. Тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад тие големи скандали со Нешкоски, Младенов и Смилковско езеро. Рече дека СДСМ политички ги осуди приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ на по 15 години затвор затоа што влегле во Собранието за 27-ми април.
Обвинуваше дека невладините организации поттикнувале и потплатувале незадоволство против ВМРО-ДПМНЕ за да дојде до Шарена револуција. Како контраст, предупреди дека тие ќе организираат искрен семакедонски протест за ослободување на нивните наводно политички затвореници.
Посочи дека Мијалков му ги обезбеди потребните пратеници на Заев за промена на Уставот и затоа тие обвинети добиле амнестии. Рече дека имало договор за Крсто Мукоски да ги отвори вратите на Собранието, инаку немало да дојде до нереди внатре.
Рече дека примери на тортура на Кацарска судството биле трите години притвор на Јанакиески досега како и на притворот во премала ќелија на Орце Камчев.
За скандалот со лажните пасоши тврдеше дека ДЕА тргнала да апси вмешани сдсмовци во превоз и нелегална трговија со дрога само со помош на специјалнара единица Тигри без знаење на МВР и министерот Спасовски. За ова, побара оставки и од високи функционери во МВР и од министерот Спасовски. Да потсетиме дека Американците официјално изјавија дека за вакви големи акции, постојано соработуваат и со МВР и со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.