ЗАБЕГАНА ТЕЗА НА ЕКС РЕЖИМСКИОТ АРХИТЕКТ БОЖИНОВСКИ: СО АНТИКВИЗАЦИЈАТА, СКОПСКИОТ ТУРИЗАМ СТАНА ПОЗНАЧАЕН И ОД ОХРИДСКИОТ

0
1136

Во емисијата “Што не е јасно?” гостуваше омилениот архитект на екс режимот, Вангел Божиновски.
Според него, градоначалникот Шилегов треба да престане со штетните изјави во корист на грчкото античко минато. Му порача дека не треба да ги руши Букефал и Триумфалната капија на глупоста за да ги задоволи Грците. Спротивно на научните сознанија, тврдеше дека Македонија е цивилизација од 10 илјади години и затоа Грците нека си ги сменат нивните учебници.
Потоа изнесе и забегана теза дека со лудачката антиквизација на екс режимот, скопскиот туризам станал поголем и позначаен за Македонија и во однос на охридскиот.
Искажа остро противење на најавата за рушење на кич спомениците од антиквизацијата бидејќи така власта на СДСМ ја навредувала интелигенцијата на народот. Притоа наведе дека во време на Александар III Македонски не постоела Грција како што не постоела ниту пак во римско време. За оние професори кои што се против антиквизацијата, рече дека требале самите да си ги скинат дипломите. Ги сметал дека се лошо насочени против македонската култура и историја.
Обвини дека образовните реформи се прават на штета на македонските национални интереси. Затоа предметите морале да се рангираат по приоритет, т.е. морала да се учи сопствената историја и јазик на поинаков начин т.е. со цел да се задоволи политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ.