СОБРАНИЕТО ГИ ДОНЕСЕ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА ВО НЕДЕЛА И ЗА ПРАЗНИЦИ: ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ БЕНЗИНСКИ, ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ТРАФИКИ А ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ЗА 100% ПОГОЛЕМИ ДНЕВНИЦИ

0
2194

Собранието денеска со 59 гласа “за” ги донесе измените на Законот за трговија. Законски се уредува работното време во трговијата во недела и за празници како и исклучоците во трговијата на мало за кои ќе биде дозволено работа во недела и на празници.

Продавниците кои што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловни станбени згради не можат да почнат со работа пред 6 часот и мораат да завршат со работа до 23 часот.
За работа во неделите, трговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови.

Предвидени се и исклучоци. Трговија на мало може да се врши: во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност; во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши  трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8000 м2; на штандови и киосци каде што се продаваат добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела; во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и на зелени пазари.

За работниците кај трговците на мало, ден на неделен одмор може да биде и друг ден во неделата.

Додатокот на плата за работа во недела и на празници изнесува најмалку 100% за секој час поминат на работа.