МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА ФУНКЦИЈАТА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ: ЛИДЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ТРЕБА ДА СИ ИЗБЕРЕ СВОЈ ТИМ

0
812

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски поднесе оставка од функцијата потпретседател во партијата.
Спасовски рече дека вечерва ќе учествува на седницата на СДСМ и дека новиот лидер Ковачевски кој што треба да биде официјално избран, треба да си состави свој тим.
Спасовски најави дека после први јануари ќе каже дали ќе остане на министерската функција.

Седницата на Централниот одбор на СДСМ е најавена за вечерва во 19 часот. Нов лидер ќе биде Димитар Ковачевски и официјално ќе биде потврден како кандидат за нов премиер по оставката на Заев.