СО АМЕРИКАНСКА ТЕХНИЧКА ПОМОШ, МВР ГО ПРЕСРЕТНАЛА КАМИОНОТ СО НЕЛЕГАЛНО ПРЕВЕЗУВАНАТА МАРИХУАНА

0
1326

Американската амбасада во Скопје потврди дека работела заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР) и дала техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800 000 евра, што транзитирал низ Македонија.

Американска помош имало и во акцијата во која на 6-ти април беа уапсени деветмина полициски службеници, вработени во пасошкото одделение на МВР, кои продавале патни исправи со туѓ идентитет исклучиво на странски државјани и на криминалци барани со меѓународна потерница. Групата изработила 215 македонски пасоши со туѓ идентитет, а од нив, 214 биле за странски државјани, а само еден за наш. Министерот Спасовски тогаш кажа дека заедно со Интерпол и Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при амбасадата на САД од 2019 ја спроведувале истрагата за откривање на мрежата вработени во МВР која издавала македонски пасоши на познати криминалци.