МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОТЦЕНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА ДА ПРОФИТИРА ПОЛИТИЧКИ

0
1366

Според Министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на возрасните граѓани, здравствените работници, полицајците, армијата, учителките, воспитувачките, возачите во ЈСП.

“Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на преправање (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички, се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години” – наведува Министерството.

Додава и дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 Арена Борис Трајковски.

“На ВМРО-ДПМНЕ му сметаат насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и’ сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината. ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета. Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните” – се наведува во писмената реакција од Министерството за здравство.