Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.
„Внимателно ги прочитав наодите на истражителите од вештачењето кои беа објавени денеска. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорноста кај Филипче и Хасани кои од морални причини поднесоа оставки од функциите“ рече Заев на прес-конференцијата пред Владата.
Заев кажа доколку се утврдат евентуални грешки од човечки фактор, тогаш надлежни се органите кои го истражуваат случајот.