СИТУАЦИЈАТА ЗА ЕУ СТАНУВА ЗАГРИЖУВАЧКА БИДЕЈЌИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГО НАПРАВИ ТОА ШТО БЕШЕ ПОТРЕБНО ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ, БОРУТ ПАХОР: ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ НАШ ПРИОРИТЕТ И ПОКРАЈ ВНАТРЕШНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ЕУ

0
919
“Европската Унија мора да ги почне преговоритаа е со Северна Македонија и со Албанија. Ова прашање треба да остане приоритет на ЕУ и да се затвори што побргу” – порача словенечкиот претседател Борут Пахор на Бледскиот стратешки форум.
“Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ. Што направи Северна Македонија за нејзината европерспектива? Направи се’ и уште повеќе, а што доби за возврат? Ништо и уште помалку. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши. Се обидувам да разберам дека проширувањето на ЕУ во моментов не е приоритет, имајќи ги предвид сите проблеми во ЕУ и пошироко. Но сепак верувам дека постигнувањето прогрес во преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да остане приоритет и ова прашање да се затвори” – изјави Пахор.

Македонскиот премиер Зоран Заев и словенечкиот претседател Борут Пахор одржаа и билатерална средба. Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Пахор на средбата истакнал дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.