ДАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЈЕПЕ КОФОД ВО СКОПЈЕ НА СРЕДБА СО ОСМАНИ: ДАНСКА СМЕТА ДЕКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

0
749

Данскиот министер за надворешни работи, Јапе Кофид дојде во посета на Скопје и се сретна со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој порача дека Северна Македонија досега направи импресивни реформи и дека Данска е наш поддржувач за почеток на преговорите со ЕУ.

“Цврсто застануваме зад Северна Македонија  и ги поддржуваме реформите што ги презеде изминатите години. Сметаме дека земјата е подготвена да ги почне преговорите за членство со ЕУ. Ние ќе се залагаме за тоа и се надеваме дека разговорите со Бугарија ќе дадат резултат. За нас е многу јасно  дека сте подготвени. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе почнат преговорите и дека за тоа ќе се согласат сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија” – рече Кофoд.

“Јас сум по природа оптимист, иако контекстот не е во прилог на ваквата одлука наредните месеци бидејќи Бугарија оди кон трети избори. Не ќе биде така лесно да се стигне до решение. Силната поддршка од Данска и констатацијата на министерот дека земјата заслужува почнување преговори со ЕУ, се силни пораки кои не’ охрабруваат и ни даваат оптимизам дека земјата е на прав пат” – изјави министерот Османи.

Европското досие на Северна Македонија беше главна тема на денешната средба на двата министри во Скопје. Иако Данска важи за малку евроскептична, сепак цврсто инсистира на исполнувањето на условите во наш интерес.