НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕЛАТИВИЗИРА КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК, ШИЛЕГОВ: ОСУДЕНИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ БЕА ВМЕШАНИ ВО ФИЗИЧКО СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГО ФОРМИРААТ НОВОТО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО И ПОТОА ДА ГО ДЕТРОНИЗИРААТ РЕЖИМОТ

0
606

Во емисијата “Само вистина” гостуваше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој што во време на насилниот упад во Собрание од 27-ми април 2017 год. беше пратеник.

Тој потсети дека во време на тие протести, веднаш се насетувало дека се однапред организирани и со намера да се спречи изразувањето на волјата на новото мнозинство за да назначи нов спикер на Собранието и потоа да се изгласа нова Влада. На јавноста се обиде да и’ објасни зошто лицата кои што вршеле насилство внатре се обвинети правно за тероризам. Таков акт е секое насилство во Собранието со цел спречување на изразување на волјата на мнозинството за кое што претходно гласал најголем дел од народот. Никој не може да ја спречи таа волја на пратениците без притоа да го крши Уставот и поради тоа, организираните силеџии на ВМРО-ДПМНЕ во никаков случај не можат да се сметаат за уставобранители. Подоцна целата таа организација и координација на упадот во Собрание почна да се расветлува и со аудио снимки во кои што беа вмешани партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ распоредени во МВР и разузнавачките структури.

Како пикантерија наведе дека во текот на мешаниците во Собрание, се обидел на едно лице од толпата да му го откупи чадорот (кој што му бил наменет за тепање), му понудил илјадарка и потенцијалниот напаѓач веднаш се согласил. Затоа Шилегов ги опиша изманипулираните лица како кукавици кои што подлегнале на махинациите од криминалниот политички врв на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа потсети дека СДСМ се обиде да понуди излезно решение во вид на политичко помирување со нудење на правна амнестија на лица кои што не користеле физичка сила, закани за линч или посегнување по животите на пратениците од СДСМ и коалицијата. Токму затоа беа ослободени лица ко Бетмен Илиевски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, пратениците Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски. Наспроти нив, веќе осудените за 27-ми април добија долги затворски казни бидејќи нивниот обид за пуч е терористички акт а тоа е второ кривично дело по тежина според македонските закони. Од тоа треба да се извлече поука за ваков крвав четврток никогаш повеќе да не се повтори и Северна Македонија да може демократски да напредува.