ВМРО-ДПМНЕ И НИВНИТЕ САТЕЛИТИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА БАРААТ ПОВЕЌЕ ДЕМОКРАТИЈА ГЛУМЕЈЌИ ЖРТВИ, ПРЕНЏОВ: ВЛАСТА НА СДСМ И ДУИ ЈА ЗАМОЛЧУВА ОПОЗИЦИЈАТА ВО СОБРАНИЕ ПРЕКУ СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ

0
812

Гостин во емисијата “Што не е јасно?” беше пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов. Како дел од опозицијата, Пренџов ги напаѓаше владините потези и мерки.

Неговата теза беше дека парламентарното мнозинство намерно ја опструира демократската дебата во Собранието за поднесените интерпелации на министрите, а последен таков случај беше за интерпелацијата на министерот Спасовски кога наводно спикерот Џафери не им дозволил да ги разоткријат сите штетни процеси во МВР и афери поврзани со лажни пасоши и двојни броеви за наркобосови и балкански криминалци. Како парадокс ја наведе и поднесената интерпелација за Владата која била пресретната од премиерот Заев и тој побарал гласање на доверба без никаква дебата.

Неговите критики во однос на буџетските трошоци се однесуваа на тоа дека Македонија премалку трошела во здравството во текот на пандемијата, само 16 милиони евра а додека остатокот од неопходните трошоци паднал директно на грбот на граѓаните кои во паника се обидувале да си го зачуваат здравјето. Исто така спомна податок дека државата издвоила досега помош од околу 300 милиони евра за помош на фирмите и граѓаните за да ја пребродат кризата но и покрај тоа, условите за таа помош не биле добро предвидени и дел од тие пари останале неискористени. Дополнително го постави прашањето каде отишла целата сум од земената обврзница и другите повремени задолжувања во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра кога притоа не се реализирале поголеми капитални инвестиции за да се ублажат економските последици од корона кризата.

За гласањето на двата пратеника во Собрание кои што дојдоа на седница за петтиот пакет мерки, рече дека тоа било непотребно покажување на сила на СДСМ бидејќи и опозицијата ќе гласала за таа економска помош и дека вкупно имало 113 пратеници ЗА и без да се донесат уште двајцата во скафандери.

За здравството конкретно спомна дека Македонија се’ уште доцни со вистинска масовна вакцинација, дека премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче како приоритет ги поставиле провизиите за вакцини место навременото снабдување на државата по реални цени. Досега претежно сме се базирале на донации, а министерот Филипче секој месец уште од декември ги најавуваше пратките со вакцини во рок од две недели. И така веќе дојде мај, а позначајни пратки нема. Исто така обвини дека досега не се спремни ниту теренските пунктови во другите градови со цел да се забрза имунизацијата откако ќе успееме да добиеме поголеми пратки.

Во образованието обвини дека министерката Мила Царовска имала намера целосно да ги повлече печатените учебници бидејќи целосната дигитализација не е здрава за децата, дека е неопходно тие да одат на училиште, да имаат и печатена книга со нив но и да се социјализираат со цел правилно да можат да се развиваат. Законот за учебници кој што треба да влезе во процедура, го смета за спорен и најави координиран отпор на опозицијата во Собранието.