НЕИЗВЕСНОСТА ВО БУГАРИЈА ПРОДОЛЖУВА, СОЦИЈАЛИСТИТЕ ЌЕ ГО ВРАТАТ МАНДАТОТ И ЌЕ СЕ ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ

0
724

Веќе е сигурно дека Бугарија ќе оди на нови избори откако денеска врвот на Бугарската социјалистичка партија (БСП) зад затворен врати одлучи да му го врати мандатот на претседателот Румен Радев веднаш кога тој ќе им го врачи на 5-ти мај. Лидерката на партијата, Корнелија Нинова била и за партиска и за експертска влада, но огромното мнозинство во раководството било за враќање на мандатот.

Според законските одредби по три неспешни обиди да се состави влада, претседателот Радев мора да назначи службен кабинет кој ќе ги спроведе изборите веројатно на 11-ти јули. Бугарските медиуми, како технички премиер го споменуваат Стефан Јанев, секретарот за безбедност на Радев. Од распуштањето на парламентот до одржувањето на изборите треба да поминат два месеци.

Нинова пред новинарите ги обвини трите протестни партии кои влегоа во парламентот дека ја намалиле политичката култура и создале атмосфера на секој против секого.