СЕ УКИНУВА ДНЕВНАТА ЕВТИНА ТАРИФА И СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 9,48% ЗА ДОМАЌИНСТВАТА, БИСЛИМОВСКИ: ВЛАДАТА ПРЕЗЕМА ОБВРСКА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ЕСМ, МЕПСО И СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ

0
609

“Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48%, а од 1 јануари се укинува и дневната евтина тарифа” – изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски.

Бислимовски рече дека ова е една од најтешките одлуки што ги донела РКЕ од своето постоење поради кризата.
“Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период” – рече директорот Бислимовски.
“Евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат и никогаш не беа доведени во прашање. Доколку се оставеше дневната евтина тарифа, струјата ќе поскапеше за околу 14,2%” – рече Бислимовски.

Бислимовски додаде и дека реалното зголемување на цената на електричната енергија требаше да биде околу 25%.