ЕДЕН ФРЛЕН ВО КОНТЕЈНЕР, ДРУГ СО ИСКОРНАТ ДИСПЛЕЈ, ТРЕТ ВО БАГАЖНИК – НЕСОВЕСНОСТ И НЕОДГОВОРНОСТ КОН Е-ТРОТИНЕТИТЕ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

0
502

Електричните тротинети за изнајмување од неодамна се декор на Скопје. Жителите на главниот град во нив добија алтернативно еколошко превозно средство, за брзо и ефикасно пробивање низ градскиот метеж. Но, не сите ги користат совесно и одговорно.Електричните тротинети се присутни низ Скопје не повеќе од една недела, а веќе пристигнуваат првите фотографии за несовесност и неодговорност. Еден е фрлен во контејнер за ѓубре, втор е со уништена електроника (издавен уредот под дисплејот кој ја покажува брзината и состојбата на батеријата). Фотографирани се и двајца скопјани во близина на ТЦ Веро Џамбо со товарен електричен тротинет во багажник од автомобил.

Телма стапи во контакт со менаџерот на компанијата која е одговорна за електричните тротинети за изнајмување во Скопје. Од таму ги потврдија случаите на несовесно и неодговорно користење на средствата за превоз.
„Се молат граѓаните за поразумно користење на електричните тротинети и сите такви и слични случаи да се пријавуваат во полиција или во компанијата за сторителите да бидат санкционирани“, ни изјави Висар Дурак, менаџер на компанијата „Бин Бин“ која стопанисува со електричните тротинети за изнајмување кои од неодамна се декор на македонската престолнина