Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ, ја обвини денес ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад бојкотот на наставата организиран од родителите.
“На лагата и’ се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кои се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието.
Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата “Учебници и настава мора да има”, која се спротивставува на реформите во образованието, е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и се потврдува дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски. Со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели.”
“Потврдено е она што го зборувавме долго време, но и она што цела јавност го гледа – зад повиците за бојкот, зад манипулациите и лажните вести за дигитализацијата стои ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и образовниот систем повикува на бојкот на наставата, шири лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери.”
“Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес.Случувањата по најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството” – порача таа.
Според неа, образованието кое ВМРО-ДПМНЕ го остави по нивното 11-годишно дивеење, денеска се реформира и се осовременува по европски стандарди.
“Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите кои обезбедуваат модерен, ефикасен образовен систем, па затоа по секоја цена шири лажни вести, опструира и злоупотребува ученици и родители” – порача Наумовска.