НИКАКВО ФАЈДЕ ОД ДОГОВАРАЊЕТО СО ВМРО-ДПМНЕ, НОВА ДЕСТРУКЦИЈА И ПРОТИВ НАШЕТО НАТО-ЧЛЕНСТВО: ПОДНЕСЕНИ 2 ИЛЈАДИ АМАНДМАНИ ВО ВТОРА ФАЗА ЗА БЛОКАДА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА

0
760

Законот за служба во Армијата кој денеска беше на дневен ред пред Комисијата за одбрана и безбедност, не го помина второто читање пред пратениците. ВМРО-ДПМНЕ поднела 2000 амандмани во врска со предложениот закон со кој се предвидува војниците да можат да земат отпремнина по завршување на службата, откуп на стажот за офицерите, забрана за политички активности на офицерите.

“Во петокот беа поднесени 2000 амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го блокираат донесувањето на законот за служба во Армијата со кој се регулира доплата на стажот на офицерите до пензионирање како и забраната за членување на офицери да бидат членови во политичка партија” – претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Миле Талевски.

Според него, бројката на поднесените амандмани на опозицијата е да се блокира законот, а најмногу од амандманите се во однос на тоа дека воениот и цивилниот персонал во служба на Армијата да не смее да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на својот фејсбук профил објави дека опозицијата со овој потег ги блокира новите поволности за припадниците на Армијата.

“Ги решаваме еден по еден проблемите кои ни ги оставија и наместо да помогнат, сега блокираат” – пишува Шекеринска.