ГЕРАСИМОВСКИ ЗА ,,МРЕЖА” : ДАДОВМЕ ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА СПРОТИ ХОЛИДЕЈ ИН ОТКАКО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ УТВРДИЈА ДЕКА НЕМА НИШТО СПОРНО ВО ТОА

0
546

Актуелни во изминатите неколку денови се познатите згради спроти Холидеј Ин, за кои Општината Центар издаде нова дозвола за градба.

Во денешната епизода на Мрежа, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски објаснува каква е ситуацијата со тој ДУП.

-Таму и претходно има издадено дозвола за градење, сега има и втора дозвола. Од страна на институциите, ОЈО, ОЈОГОКК, државниот правобранител ги посетивме за да знаеме како можеме да постапуваме пред да издадеме довола за градба.

Сите ни кажаа дека се е во ред, вели Герасимовски кој смета дека урбанизација на тој дел од градот не значи бетонизација.

-Таму е паркинг кој е бетон, луѓето живеат во трошни куќи од минатиот век, нема атмосферска канализација, лоша водоводна мрежа, тој простор треба да се урбанизира. Не велам само зградите да се изградат, таму треба да има парк колку Плоштадот Македонија, вели градоначалникот.

Тој истакна дека општината прави напори да се реши сообраќајниот метеж во центарот на градот.

-Имаме неколку големи кули кои се градат во Центар, ние бараме решение да го решиме сообраќајниот режим. Верувам дека и Градот ќе ни излезе во пресрет тука. Исто и кај Холидеј Ин се планирани проширувања на страничните улици за да се растерети сообраќајот.

Герасиовски открива колку вкупно дозволи за градби, по број на станови, се издадени како одговор на обвинувањата на невладини организации дека има “лесна рака” за потпишување на дозволи.

– По издадени станови во Центар се издадени 592 дозволи ,од декември 2021 до февруари 2023 година, вели Герасимовски кој додаде дека во Скопје вкупно во тој период се издадени 4116 такви дозволи.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во изјава за емисијата ,,Мрежа”

Повеќе на оваа тема на линкот во продолжение: