Павле Трајанов: Како со 150 евра да се прехрани семејство?

0
1107

Претседателот на Деморкатски сојуз, Павле Трајанов, вечерва ги посети членовите на партијата во Велес, при што обраќајќи се пред присутните нагласи дека Демократскиот сојуз е демократска партија, која ги застапува автентичните интереси на граѓаните и која докрај ќе инсистира на одговорност од тие што го кршат Уставот и законите и се богатат злоупотребувајќи ја добербата на граѓаните.

veles(1)

Трајанов зборуваше и за социјалната состојба при што рече:

– Со 150 евра месечна плата не може да се прехрани семејство, при што е неопходно минималната плата да биде 300 евра. Во спротивно за 2-3 години Македонија ќе се испразни и ќе немаме квалификувана работна сила. Сметаме дека Велес мора да биде град на информатичари, доколку се создадат основни предуслови за развој на оваа исклучително добро платена професија.

Трајанов побара да престане манипулативната политичка медиумска кампања и да се создаде амбиент за рамноправен политички натпревар.