SCREEN RECORDER UNLIMITED – ЕДНОСТАВНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ЛЕСНО СНИМАЊЕ НА ЕКРАНОТ

0
73

Иако има многу полуксузно опремени апликации кои се специјализирани за снимање на екранот на паметниот телефон, оваа ги нуди само основните функции, но бап затоа правилно си ја врши работата, а е и прилично едноставна за користење.

Некои производители на смартфони самите нудат свои апликации за снимање на екранот на паметниот телефон како видео, а оваа можност е веќе составен дел на Android, но секогаш има простор за специјализирани апликации од трети страни како Screen Recorder Unlimited.

Воопшто не се работи за претенциозна апликација која сака да се наметне со луксузни можности, а тоа е всушност нејзината предност, што воедно значи дека е многу лесна за користење. Во поставките може да се дефинира видео резолуцијата, ориентацијата на екранот, квалитетот на видеото, бројот на слики во секунда (од 24 до 60) и изворот на звук, а има и опција за исклучување на оптимизацијата на батеријата.

Откако сè ќе се постави како што сакате, само кликнете на копчето Record на дното на екранот, а потоа и на впечатливото копче на средината на екранот, за да започне самото снимање. Нема одбројување и снимањето започнува веднаш, а се прекинува со повторно допирање на копчето во средина на екранот.

Потоа ќе биде прикажано местото каде што е зачувана снимката, а има и можност да се споделите снимката со други. Секако, сите снимки од екранот ќе бидат достапни во листата што ќе се прикаже кога ќе се допре копчето Files и во тој дел е можно нивно отворање, споделување и бришење. Сè на сè, оние koi бараат лесен начин за снимање на екранът на својот смартфон дефинитивно треба да видат што нуди бесплатниот Screen Recorder Unlimited.

Извор : Конект.МК