СДСМ : ДПМНЕ СО РАЦЕТЕ ВО МЕДОТ, МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА СКАНДАЛОТ СО КУПУВАЊЕТО ПОСКАПИ МАШИНИ

0
334
ДПМНЕ, освен рацете во медот, не знае ништо друго.
Општина Битола, под капатата на ДПМНЕ набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра.
Иста машина е набавена и од ДПМНЕ во Општина Велес по нешто пониска цена од околу 42.000 евра.
Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра.
Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра.
Прашање е во чии џебови завршила разликата.
Овие астрономски суми се пари на граѓаните и токму затоа одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини од страна на ДПМНЕ, мора да има.