ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ : ВЕРУШЕВСКИ ПОСЕДУВА СНИМКИ ОД СТАНОТ НА ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ ГО СНИМАЛ КАКО СЕ РАСПРАВА СО БОРКИЦА

0
9838

– Кога дознав дека СДСМ поседува снимки извадени од ДБК на кои има разговори на многу политичари, веднаш ги известив Влатко Ѓорчев и Илија Димовски тие му кажале на Груевски, тој ме викна, му реков дека СДСМ има снимки од сите политичари и дека дури бил сниман и неговиот стан со расправии со сопругата, тој негираше, потоа ме викна пак и ми покажуваше некаков извештај од Израел според кој прислушкувале некакви жолти комбиња, јас му реков дека снимките се од ДБК и дека треба да му даде отказ на Мијалков и да распише предвремени избори, тој не ме послуша ми рече дека ќе се обиде да го развлече процесот…

Лидерот на ДС, Павле Трајанов, екс шеф на македонската ДБК и екс министер за полиција, во емисијата на Васко Ефтов, ,,Во центар” на ЈутЈуб.