ПРАТЕНИКОТ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ОЧЕКУВА РАЗВРСКА НА ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА ДО ЈАНУАРИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СЀ ШТО МОЖЕШЕ ДОСЕГА, ПРЕОСТАНУВА БУГАРИЈА ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ВЕТОТО

0
939

Пратеникот Кастриот Реџепи рече дека според пораката на Европскиот совет, сѐ поизвесно е дека се наближува денот за започнување на пристапни преговори, најверојатно во јануари.

“Сѐ уште опстојувам во моето убедување за европска Северна Македонија и со мојата одлука допринесов да имаме стабилно мнозинство во Парламентот без никакви политички кризи. Тоа значи дека ние сме стабилни и подготвени за решение со Бугарија. Имајќи предвид декa Советот на Европа испрати јасна порака дека со нетрпение очекува одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и Бугарија додавајќи и изјавата на премиерот Петков дека ќе се залага силно за решавање на пречките помеѓу двете држави за веќе да нема блокади за нашата држава од бугарска страна, се докажува дека е сѐ поизвесно дека се наближува денот кога ќе добиеме датум за започнување на пристапни преговори” – изјави  пратеникот Кастриот Реџепи.

“Впрочем поддршката од Вашингтон, Велика Британија и 26 земји на ЕУ е јасна. Ние како држава сме ги исполниле сите обврски од нашата страна и останува на Бугарија да ја тргне блокадата што поскоро.Тоа во краен случај не зависи ни од мене како еден пратеник, ни од мнозинството. Апелирам до сите политички чинители да дадат свој придонес во овој правец без да гледат тесно-партиски интереси и да делуваат државнички и во интерес на граѓаните” – рече Реџепи.