РЕАКЦИЈА ОД СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ПОСТОЈАНО ЈА ПОТКОПУВА БОРБАТА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КОРОНА КРИЗАТА

0
1090

“Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага, ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните” – порачува СДСМ преку соопштение.

“Дури велеа дека пандемијата не постои, дека е тоа алиби за одлагање на изборите. Цело време ширеа невистини. Христијан Мицкоски лажеше дека нема тестови, дека нема заштитна опрема за здравстените работници додека кршеше мерки, шеташе по кафани, фитнес сали. Неговиот сопартиец Вело Марковски дури велеше дека вирусот не постои, дека маските се непотребни, дека треба да се стекне колективен имунитет. Еве и вчера истиот Вело Марковски продолжува, сега отвара сомнеж во процесот на вакцинација. Нивната министерка во техничката Влада, Кочовска го кочеше процесот за изградба на 16 модуларни болници ширум државата.

Тоа е ВМРО ДПМНЕ. Не се грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид 19. Ако ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со седење на страна, со поткопување на здравствениот систем ќе профитира врз грбот на заболените и починатите, тоа ја покажува само нивната морбидност и нечовечност” – порачува СДСМ.