БРАВО ЗА ШИЛЕГОВ: ТРАМВАЈ НА ТРКАЛА ВО СКОПЈЕ СО ПОДДРШКА НА ЕБРД, ТЕНДЕР ВО ЈУЛИ

0
910

Пратениците во петокот го изгласаа законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за воведување трамвај на тркала во Скопје. По неколкумесечна собраниска процедура, Град Скопје конечно може да почне со имплементација на проектот за воведување брз автобуски превоз (БРТ). Заемот од ЕБРД ќе биде 70 милиони евра, а наскоро Владата ќе го потпише договорот за задолжување.

“Откако Собранието го усвои законот за задолжување, на големо се отвара вратата Скопје конечно да добие современ и добро организиран јавен превоз. Очекувам дека во најкраток можен рок ќе се потпише договорот помеѓу Владата и ЕБРД, со што и формално ќе се создадат можностите да започнат постапките за набавка и имплементација на брзиот автобуски превоз. Екипи на Градот и ЈСП Скопје и досега работеа на подготовка на техничката документација. Со потпишувањето на договорот се создаваат и формални можности да дојдат консултантите на ЕБРД кои треба да ја доработат техничката документација, со што би се распишале и постапките за набавка, кои ќе ги води банката” – вели Шилегов.

Идејното сообраќајно решение е веќе изработено од стручњаци од Битола, Скопје, Белград, Лондон и Брисел. Шилегов вели дека тоа решение ќе претставува основ за тендерската документација.

Проектот “Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје” опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, намалување на времетраењето на превозот на патниците и намалување на загадувањето на воздухот.