РАЗОЧАРАНИ СМЕ ОД БУГАРСКОТО ВЕТО НО НЕМА ДА БАРАМЕ АЛТЕРНАТИВА ЗА ЕУ, ЗАЕВ: ОЧЕКУВАМЕ НОВА ВЛАДА ВО БУГАРИЈА И ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ВО СИТЕ ОБЛАСТИ ОД ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС

0
829

Премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата “Конфликтна зона” на Дојче веле. Тој изјави дека се надева на решение на спорот со Бугарија откако ќе се формира нова Влада во Софија.

“Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Северна Македонија, но земјата нема да бара алтернативи. Во спротивно ќе и’ посакаме среќа на Албанија сама да продолжи на европскиот пат” – рече премиерот Заев.

“Јас сум оптимист затоа што за време на нашата последна посета на 17-ти јуни, се сретнавме со сите официјални претставници во Бугарија, со претседателот, со премиерот, министрите и понудивме решенија за сите отворени проблеми. И постоеше целосна потврда за тоа, но останува неопходноста од политичка Влада во Бугарија. Поради тоа јас сум оптимист и можам да заклучам дека продолжуваме да бидеме целосно пријателски ориентирани, затоа што сме први соседи и нормално треба да обезбедиме подобра иднина за нашите млади луѓе, да не грешиме во таа насока. Затоа верувам дека по формирањето на новата Влада е можно решение” – рече Заев.

Одложувањето на европската иднина на земјите од регионот, губењето на мотивацијата станува опасна за сите земји од Западниот Балкан како и за Северна Македонија.

“Во Европскиот совет веруваат дека ќе биде полесно да се донесе одлука за почеток на преговорите за двете земји во пакет отколку поединечно” – уверен беше премиерот Заев.