ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПО ПОВОД ЗАВРШУВАЊЕТО НА СТАНБЕНО-ДЕЛОВНИОТ КОМПЛЕКС ПЛАНЕТ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПРИВЛЕЧНА ЗЕМЈА ЗА СОВРЕМЕНИ ПРОЕКТИ

0
263

“Честитки до инвеститорите на станбено-деловниот проект Комплекс Планет, за нивната храброст да реализираат еден исклучително иновативен, креативен и пред сѐ храбар проект. Оваа инвестиција вредна 28 милиони евра дополнително потврдува дека Северна Македонија е добро место за инвестиции.

Станува збор за супер модерна населба која ги има предвид сите функционалности за едно урбано живеење вклучувајќи објекти за здравствена заштита, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар за организација на настани, спортски центри, хелиодром, базени и хотелско ресторански комплекс.
Она што е исклучително значајно е што градбата на целиот станбено-деловен комплекс зафаќа само околу 20% од вкупната површина што ја опфаќа инвестицијата, а остатокот од 80% му припаѓа на зеленилото.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ