5.1 C
Prilep
Friday, April 26, 2024
Home Македонија ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО ПРЕД ДА ГИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКИТЕ:...

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО ПРЕД ДА ГИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКИТЕ: ЌЕ НЕМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ТУКУ ЌЕ СЕ ИЗБЕРЕ НОВ МАНДАТАР ШТО ЌЕ ПРЕДЛОЖИ НОВА ВЛАДА

0
1360

По зголемувањето на парламентарното мнозинство кое се очекува да се случи наскоро, премиерот Зоран Заев ќе ги активира оставките што ги најави, и на функцијата премиер и на лидерската во СДСМ. По официјализирањето на оставките ќе следува избор на нов лидер на СДСМ а тој ќе биде и мандатар за состав на новата влада.

Ако Алтернатива од Гаши дефинитивно одлучи да биде дел од власта, тогаш владиното мнозинство ќе брои најмалку 64 пратеници, вклучувајќи го и Кастриот Реџепи од Беса.

Премиерот Заев ќе го одложува поднесувањето на оставките сè до моментот кога ќе го зголеми мнозинството. Штом ќе се случи тоа, веднаш СДСМ на непосредни избори ќе добие нов партиски лидер. Наследникот на Заев ќе биде избран од неколку предложени кандидати од кои членството на директни избори ќе го изгласа новиот претседател. Тој ќе биде и новиот мандатар за новата влада, ќе состави свој кабинет.

Премиерот Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, разговорите ќе ги почнат утре во Клубот на пратениците. Ако Гаши ѝ се приклучи на владејачкото мнозинство, тогаш и министерските позиции за Алтернатива ќе бидат во пакет со кадровските решенија за новата влада. Со оставката на премиерот Заев, во оставка ќе биде и целата Влада. Новиот мандатар ќе предложи до претседателот на државата Стево Пендаровски програма и нов состав на Владата. Некои од актуелните министри веројатно ќе си ги задржат позициите и во новата влада, а извесно е дека нема да бидат сменети министри од ДУИ.