СДСМ: Граѓаните знаат дека Никола Груевски, креаторот на длабоката државна криза во земјава, е нарачателот на одлуката на Ѓорге Иванов, па сега нека си го повика да ја повлече одлуката за помилување

0
1031

„Откако Македонија се крена на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста и законите, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговорноста за антидржавната одлука на Ѓорге Иванов со којашто го прекрши уставот и законот за да го заштити Никола Груевски и злосторничкото здружение .

Граѓаните знаат дека Никола Груевски, креаторот на длабоката државна криза во земјава, е нарачателот на одлуката на Ѓорге Иванов.

Кризата во Македонија ја создаде токму криминалната банда којашто не само што ги крадела парите на граѓаните туку и нивните гласови преку криминален избирачки список и бројни злоупотреби.

ВМРО-ДПМНЕ не може да ги лаже граѓаните.

Бидејќи Иванов и Груевски се тим, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нека го повикаат Иванов да ги поништи, односно да ги отповика сите одлуки за помилување. Идентично како што ја поништи аболицијата за Ламбе Арнаудов, поради „техничка грешка“.

Ставот на СДСМ е јасен уште од почеток: поништување на сите одлуки за помилување донесени на 14.04.2016 и одговорност на сите за сторениот криминал.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки.

Во Македонија не смее да има “недопирливи граѓани” и “обични граѓани од втор ред”!

Правдата мора да победи и ќе победи.

За Македонија се работи!

Нелегитимниот Ѓорге Иванов, којшто е поставен на функцијата на криминални и нелегитимни избори, мора да замине и тоа веднаш!

Човек, којшто од позицијата Претседател, со државен удар ја доведе државата на работ на експлозија не смее да остане на таа позиција.

Овој тим на злосторот мора да замине, а злосторничкото здружение да одговара.

Граѓаните тоа го знаат и затоа се на нозе, затоа се со СДСМ и сите демократски сили во борбата за слободата и демократијата.

Или Груевски или Македонија“, соопштуваат од СДСМ.