МИЦКОСКИ СЕ ОДНЕСУВА ЛИЦЕМЕРНО, ПЕНДАРОВСКИ НЕ ИЗЛЕГУВА НАДВОР ОД СВОИТЕ УСТАВНИ НАДЛЕЖНОСТИ: ОТКАКО МИЦКОСКИ НЕ УСПЕА ДА НАПРАВИ НОВО МНОЗИНСТВО, МЕ ОБВИНИ ДЕКА СУМ ИСЧЕЗНАЛ ОД ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

0
971

Претседателот Стево Пендаровски дипломатски посочи на лицемерноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако не успеа да состави ново парламентарно мнозинство против Владата на премиерот Заев.

“Интересна е неговата изјава дека сум исчезнат, за него не бев исчезнат додека се обидуваше да направи парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Одеднаш според него исчезнувам откога му пропадна обидот да направи мнозинство од 61 пратеник” – рече претседателот Пендаровски.

“За мене е совршено јасно, но не знам колку за него е јасно дека Република Северна Македонија е парламентарна демократија, а не претседателски систем во кој претседателот ги повикува луѓето по свое наоѓање и им дели совети, лекции, им кажува што да направат. Знам дека во минатото имало примери на претседатели кои излегувале надвор од своите уставни позиции, но јас немам намера да го правам тоа” – рече Пендаровски.

За енергетската криза, тој рече дека еден ден после завршување на вториот круг на локалните избори, имаше прогласување од страна на владата на кризна состојба на цела територија и тоа било единствената причина поради која не свикал Совет за безбедност со истата точка на дневниот ред.