АПЕЛАЦИЈА МУ ГО УКИНА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ: ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТ И ЗАБРАНЕТ МУ Е ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА

0
994

Апелацискиот суд во Скопје му го укина куќниот притвор на екс министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески.

“Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како Т.Н.Т., КОК 7/18 означен како Титаник, КОК 3/19 означен како Талир, КОК 57/17 означен како Топлик, КОК 52/17 означен како Траекторија и КОК 30/20 означен како Шпански скали, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор.
Според решението на Апелациониот суд, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост, односно: Забрана за напуштање на територијата на Македонија и Град Скопје; Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за издавање на друга патна исправа” – соопшти Кривичниот суд Скопје.