ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА, ССМ: ПОГОЛЕМА ДНЕВНИЦА ВО НЕДЕЛА ЗА 100% И СЛОБОДЕН ДЕН ЗА ТРГОВСКИ И УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ

0
1118

“Дневница зголемена за 100% од основната и слободен ден ќе добиваат работниците во трговските центри кои ќе работат во недела, бидејќи станува збор за неесенцијална дејност. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за функционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку 50% и слободен ден, но таа може да биде и повисока ако тоа се утврди со колективен договор или на друг начин” – велат од ССМ и најавуваат дека по донесувањето на законското решение со кое ќе се регулира работа во недела, ќе се трудат да ги усогласат колективните договори со него.

“Во ЗРО за сите есенцијални дејности се вели да добијат зголемување од најмалку 50% а во колективните договори тоа може да стане и 100, 150 или 200% односно се дава можност со колективните договори да може да се даде поголем износ. По донесувањето на ЗРО во членот за денот недела како неработен ден ние како синдикати ќе се потрудиме врз основа на тој член да ги усогласиме нашите колективни договори и како колегите од трговија да побараме 100 или повеќе проценти дневница за работниците кои ќе работат во недела” – рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски.