НОВА СРЕДБА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА “ОТВОРЕН БАЛКАН”: ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЌЕ ОДИ ВО ТИРАНА НА СРЕДБА СО ВУЧИЌ И РАМА

0
1029

Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе оди во Тирана на нов состанок на регионалната инцијатива “Отворен Балкан”. Таму ќе сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Планирано е да се потпише Договор за заеднички работни дозволи кој што ќе важи за сите три земји.

Албанија не е изненадена поради тоа што ЕУ повторно не одобри преговори и за таа земја. Тоа значи дека Албанија ќе мора да ја чека Северна Македонија да го реши спорот со Бугарија и тогаш двете земји да ги отворат преговорите со ЕУ.