НАД 40 ИЛЈАДИ ЛИЧНИ КАРТИ СО НОВОТО УСТАВНО ИМЕ НЕ СЕ ИЗДАДЕНИ ПО НАДГРАДБАТА НА СИСТЕМОТ ВО МВР, ЗАЕВ: ЗАКОНОТ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ Е БЛОКИРАН СО АМАНДМАНИ ОД ЛЕВИЦА ВО СОБРАНИЕ, НО ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ГЛАСААТ СО ИСТЕЧЕН РОК НА ЛИЧНИТЕ КАРТИ

0
1018

“Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица иако политичката партија Беса беше доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на важност од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање. За мене е ова флексибилност на сериозна партија” – изјави премиерот Зоран Заев.

Над 40 илјади лични карти не се издадени од МВР по надградбата на системот со новото уставно име и со повеќејазичност, иако се поднесени барањата од граѓаните.

“Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на Парламентот од 1. септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е Министерството за правда, заедно со другите надлежни ресори, да работат како да изнајдат начин, со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа, затоа што граѓаните може да гласаат и со лична карта и со пасош. Но сите немаат пасош” – изјави премиерот Заев.

Граѓаните ќе можат да гласаат и ќе се најде решение затоа што и во минатото со истечена лична карта се даваше можност да може да се гласа и со истечен рок на важење.

Исто така и голем дел од банките не ги ставаа во функција трансакционите сметки со истечена лична карта, па граѓаните имаа проблеми со пензиите, социјалната помош, а некои имаат и здравствени потреби врзани со личната карта или со трансакционата сметка.