Sunday, June 22, 2025
21.8 C
Skopje

ДРЖАВАТА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ЖРТВИТЕ ОД НАСИЛНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА, СОЛИДАРНО СО ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК, МАРИЧИЌ: СО НОВ ЗАКОН ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИМЕ НА ЖРТВИТЕ И ПОДОБРА ПРАВНА ЗАШТИТА

Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека со нов закон, усвоен на Владата пред неколку недели и во следна процедура во Собрание, жртвите на кривични дела во иднина ќе добиваат поголема правна заштита.

“Пристапот до правда, односно информираноста и можноста за правно разрешување на насилните кривични дела, времетраењето на постапката, доказите што треба да се обезбедат, видот на одлуката, и особено каков вид на казни им се изрекуваат на насилниците, се индикатори за општествената реакција. Преку подготовка на Закон за компензација на жртви од кривични дела со насилство, за првпат се воведуваат законски права на жртвите од кривични дела со насилство” – истакна Маричиќ.

Целта за донесување на овој закон е да им се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како првична солидарна помош од страна на државата за нивното страдање, согласно начелото на општествена солидарност и да се спречи можна секундарна виктимизација во постапките пред институциите.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН – НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈРИЗИЧЕН ЧЕКОР НА ТРАМП ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА

Со својата невидена одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки...

ОД УЛИЧНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ДО ТЕПАЧКА СО ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА

Во меѓусебната тепачка учествувале М.В. (32), Ш.В. (46), двајцата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ