МУ БИЛЕ ТРН ВО ОКО НА СДСМ, ЗАТОА ИНСПЕКЦИИ ГИ ТРЕСЕЛЕ ВО АЛФА, ВМРОВСКИ ДЕБАКЛ НА ЈАНИ БОЈАЏИ: НИЕ РАБОТИМЕ ЗА НАРОДОТ И ПРОТИВ КОМУЊАРИТЕ, НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ ВО НАШАТА БОРБА

0
1664

Директорот на тв Алфа, Јани Бојаџи беше главен соговорник во емисијата “Заспиј ако можеш” на неговата телевизија каде што се обиде медиумски да се пресметува со државните институции со цел да ја истакне неговата омраза кон СДСМ.

Сметаше дека и тој лично е таргетиран намерно од СДСМ како неподобен лик, затоа негови проекти во театар биле игнорирани и одбивани. Но и покрај тоа, тој се борел и не се предавал за да сработи нешто корисно за македонскиот народ. Така ќе му помогнел на народот да сфати какви лоши политики спроведува СДСМ на штета на Македонците.

Се пофали дека како директор на Алфа, за само 15 месеци ја зголемил вредноста на медиумот од 1,8 милиони на 5,5 милиони и поради тоа му станал трн на СДСМ. Наводно премиерот Заев и неговата партиска заменичка Лукаревска работеле со цел да го спречат растот на нивното медиумско влијание во полза на народот. Неговата омраза бликна во емисијата кога рече дека исклучиво прават програма со цел да му објаснат на народот дека му бил загрозен идентитетот, јазикот и историјата и истовремено против комуњарите и предавниците на Македонија.

Бојаџи истакна дека бил горд на тоа што Алфа добива се’ поголема гледаност и поддршка кај народот. Најави дека Алфа и натаму ќе расне и во инвестиции и во број на вработени. Во ек на пандемија, вработил 35 млади лица од Драмски и од ЕСРА (Еуропа Прима) со цел да работат серија со работен наслов “Идентитет”. Реалноста е дека Алфа има 3 пати помала гледаност од Канал 5 и пет пати помала гледаност од Сител. Дополнително го маскираат своето одработување за валкана политичка агенда со создавање на националистички наратив вграден во некаква македонска серија.

Тој обвини дека по налог на Заев и СДСМ, Алфа била исклучена од Македонската медиумска асоцијација (ММА) каде што членуваат најголемите приватни телевизии со национална концесија. Се сомнева дека договорот на Заев со ММА е да се исклучи Алфа од таа асоцијација а за возврат власта ќе овозможи рекламирање со државни пари за разни медиумски кампањи од национален интерес. Посочи дека власта доделува изработка на спотови кај Тозија за суми од околу 1 милион евра по спот а потоа би се промовирал по другите телевизии.

Бојаџи беше револтиран поради тоа што финансиска полиција редовно била во Алфа по службена наредба на обвинителката Рускоска и му барала документација од 2013 година. Работа е на истражните органи да делуваат изненадно и без најави со цел да го истражат секој сомнеж и тоа не треба да се поврзува со политички контекст. Очигледно е дека Бојаџи во глава има режимска груевистичка матрица и затоа го обвинува СДСМ дека работел по ист таков рецепт. Треба да имаме предвид дека Алфа формално законски е покриена во многу аспекти иако очигледно е дека се финансира преку фантомски сопственици од Унгарија со цел да се скрие потеклото на парите со кои што се плаќаат режиски трошоци и вработени.