ЦЕНАТА НА ЕНЕРГЕНСИТЕ ЈА ДИКТИРА ПАЗАРОТ, МАРКО БИСЛИМОВСКИ: ПОТРЕБНИ СЕ НАТАМОШНИ ВЛОЖУВАЊА ВО ОБНОВЛИВИ ИЗБОРИ ЗА ДА ГИ ЗАДОВОЛИМЕ ПОТРЕБИТЕ ВО ДРЖАВАТА ПО ПРИСТАПНА ЦЕНА

0
935

Во емисијата “Топ тема” на Телма гостуваше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Тој истакна дека РКЕ може да интервенира во цените на енергенсите во помал дел и пазарот ги диктира цените. Затоа е потребно планирање на инвестициите па и увозот на електрична енергија од странство на подолг рок, со цел да се избегнат високи трошоци за интервентен увоз. Напомена дека МЕПСО плаќал по 45 евра по мегаватчас бидејќи однапред договарале годишен увоз, а додека ЕСМ немал такви проекции и повремено плаќал два пати поскапо, т.е. 90 евра по мегаватчас.

Тој нагласи дека инвестицијата во фотоволтаици и обновливи извори се враќа за 7-10 години, а за споредба ако се депонираат пари во банка, повратот на инвестицијата е за повеќе од 100 години.

Затоа треба да се инвестира повеќе во обновливи извори бидејќи РЕК Битола и термоцентралите го исцрпеле јагленот од 60-тите години па до ден денес и мораме да се стремиме кон диверзификација на енергетските извори. Позитивен пример е владиното инвестирање во гасната централа во Александрополис, Грција и приклучувањето на балканските гасоводи.