МИЦКОСКИ НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА, НЕ САКА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СО ДРУГ КАНДИДАТ: МИТКО ЈАНЧЕВ ЌЕ БИДЕ ОФИЦИЈАЛНО ПОДДРЖАН ЗА НОВ МАНДАТ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК

0
1289

ВМРО-ДПМНЕ објави уште неколку кандидати за градоначалници во различни општини. Конечно е потврдено дека партијата ќе застане зад кандидатурата на Митко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци, иако претходно го исклучија од Извршниот комитет на партијата.

За кандидат за градоначалник на општина Ресен, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе го поддржат Јован Тозиевски. Тој е вработен во Јавното претпријатие во Ресен. Претходно бил и член на Советот на општина Ресен во два мандати.

Кандидат за градоначалник на општина Крушево ќе биде Билјана Проеска, професорка во гимназијата во Крушево по македонски јазик каде што работи 20 години.

За општина Делчево кандидат ќе биде Николчо Стојменовски, доктор по ветеринарна медицина.

Во општина Ранковце ќе биде кандидиран Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија како мал стопансвеник.

За општина Ново Село ќе го поддржат Ѓорѓе Божинов, дипломиран економист, а моментално е вработен во приватна градежна компанија како извршен менaџер.

Кандидат за градоначалник на општина Василево е Славе Андонов, дипломиран правник; за општина Дебарца е Сашо Силјаноски, дипломиран шумарски инженер вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидат за градоначалник на општина Зрновце ќе биде Борчо Коцев, кој магистрирал на Факултетот за безбедност, а за општина Кратово е Тодорчо Николовски, дипломиран правник, вработен во 2012 година во општина Кратово.