ШПИЦЕНКАНДИДАТОТ КОЈ ШТО НЕ БЕШЕ ДЕЛ ОД ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, МИЦКОСКИ НЕ ЗНАЕ КАКО СЕ БИРА ПРЕМИЕР: ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ НЕМА НАРОДЕН ЛЕГИТИМИТЕТ ЗА ДА СТАНЕ ПРЕМИЕР

0
1368

Интервјуто на Димитар Ковачевски за Сител било стерилно, а Пендаровски бил дел од хибридниот режим, така го оцени состојбите во државата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

“Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознаам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго. Освен обраќањето на Ковачевски кон Заев како претседателе, ловориките, глорификацијата, ништо не слушнавме од новиот лидер на СДСМ” – рече Мицкоски.

Мицкоски не очекува никаков пресврт и во однос на политиките на владата од мандатарот Димитар Ковачевски.

“Продолжува заробената држава и хибридниот режим. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу градоначалници, 3-4 пати повеќе од СДСМ, со најмногу советници во општините, но ете Пендаровски продолжува да биде дел од хибридниот режим и заробената држава и одлучува мандатот да го даде на лице кое не учествувало на изборите, ниту ја побарало довербата, ниту има каков било народен легитимитет” – рече Мицкоски.