НА ГОЛЕМА ВРАТА ПОЧНА ДА СЕ ВРАЌА АНТИКВИЗАЦИЈАТА И ВРХОВИЗМОТ ВО ГРАД СКОПЈЕ: ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО ЌЕ ГИ МЕНУВА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ КОИ ШТО ШИЛЕГОВ ГИ ВРАТИ КАКВИ ШТО СИ БЕА

0
1198

На предлог на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, Советот на Град Скопје на денешната седница со 24 гласа “за” и 19 “против” на дневен ред ја додаде и точката: “Одлука за поништување на одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје”.

“Тоа е одлука која што е донесена од претходниот состав и пред изборите и се коси со одредени законски процедури и истата е заглавена во Централниот регистар на Република Македонија. Освен тоа што е донесена несоодветно и во несоодветно време, според информациите со кои што располагаме, истата има и низа неправилности т.е. недоречености и фали извесна документација за ова одлука. Од овие причини барам овој дневен ред да се надополни и со ова точка како би можело да се исправат сите недоследности во носењето и процедурите на веќе донесената одлука” – рече советничката Андоновска.
На овој предлог остро реагираше советничката Љубица Јанчева од СДСМ.