META ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ МЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА ВО ЕУ ЗА FACEBOOK И INSTAGRAM БЕЗ РЕКЛАМИ

0
406

Според засега неофицијални информации, од Meta размислуваат да воведат месечна претплата за корисниците во Европската Унија која ќе им овозможи да пристапуваат до Facebook и Instagram без реклами.

Како што е познато, ЕУ се почесто воведува се построги закони и правила, па наводната борба за приватноста на корисниците станува се поизразена. Meta одамна се обвинувани за собирањето на податоците од корисниците, нешто за кое повеќето не се баш свесни, со цел да им се прикажат рекламите кои се смета дека им се навистина важни.

Плаќањето за користење на двете мрежи од компанијата без реклами, би требало да ги задоволи европските регулатори и на корисниците да им се понуди користење на мрежите без да гледаат реклами, а со тоа и без да ги оставаат нивните податоци.

Според информациите, од Meta планираат да понудат можност за плаќање 13 до 16 евра месечно за користење на Facebook и Instagram, а оваа сума би била поголема доколку се претплати преку мобилните телефони.

Ова секако е доста висока сума и мали се шансите дека многу корисниците би се одлучиле да ја плаќаат. Поради тоа се верува дека од ЕУ не би го прифатиле овој предлог од Meta или би притискале за намалување на сумите.

Европскиот пазар претставува околу 23% од приходите на Meta, што значи дека тие не можат баш да си дозволат да имаат проблеми на истиот.

Ќе следиме како во годините што следат ќе се постават неколкуте големи ИТ компании кои се под се поголем притисок од ЕУ, кои почнуваат и да претеруваат.